а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

слух

мн. слухови
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 4785
1. Едно од петте сетила, способност да се слуша; способност правилно да се восприемаат и произведуваат музички звуци.
Англиски: hearing Албански: ndëpgjim, të ndëgjuarit
Употреба: Медицина
Примери:
Органи на слухот.
Го загуби слухот.
остар слух
нема слух
по слух
(прен.) апсолутен слух
Напрега слух.
Пее, свири на (по) слух.
2. (обично мн.) Вест за нешто; информација, податок чија веродостојност не е установена.
Англиски: rumor Албански: thashetheme
Употреба: Ретко
Примери:
Се носат слухови.
Шири слухови.