а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

случај

мн. случаи
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 206
1. Тоа што се случило, настан.
Англиски: case Албански: rast
Примери:
Изнесе разни случаи од својата практика.
извонредни (необични) случаи
исклучителен случај
(разг.) во краен случај
во најдобар (најлош) случај
во никој (никаков) случај
во секој случај
во случај да...
во спротивен случај
во такви случаи
за секој случај
игра на случајот
несреќен (смртен) случај
по случај ...
тежок случај
2. удобен, згоден момент
Англиски: occasion Албански: rast i këndshëm
Примери:
Го искористи случајот.
Немаше случај да се види со него.
редок случај
3. случајност
Англиски: chance Албански: rastësi
Примери:
среќен случај
Го остави на случајот.
Ако дојде по некој случај.