а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

случи

(се) случат; случеше; случил; случило; случен; случел
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 152
1. (само во 3 л.) Стане независно од волјата; излезе, се здаде.
Англиски: happen Албански: ndodhi
Примери:
Се случила сообраќајна несреќа.
Се случи да нема вода.
Не знам како се случило тоа.
Му се случи да го погоди резултатот.
Што ќе се случи - ќе видиме.
Му се случи голема непријатност.
Не гледаме што се случуваше вчера и што се случува денес.
А знаете ли што ќе се случело?
2. (се случи) Се најде некаде случајно, се стрефи.
Англиски: happen Албански: rastësisht
Примери:
Се случив на улица.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК