а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

слушалка

мн. слушалки
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 3987
1. Лекарски уред за преслушување на срцето и дробовите.
Англиски: stethoscope Албански: stetoskop
Употреба: Медицина
Примери:
Лекарот беше си ги заборавил слушалките.
2. Дел од телефонски апарат што служи и за слушање и за зборување.
Англиски: receiver Албански: receptor, dorezë telefoni
Употреба: Технологија
Примери:
Професорот ја дигна слушалката и се јави.
3. (обично мн.) Апарат за слушање радио без звучник и за работа на телеграфист.
Англиски: earphone Албански: veshore
Употреба: Технологија
Примери:
Телеграфисти со слушалки на уши.