а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

смали

смалат; смалил; смален
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 7493
1. Направи нешто да стане помало по обем, количество, големина.
Англиски: decrease Албански: zvogëloj
Примери:
Успеаја да ги смалат расходите.
Го смалија бројот на службениците.
2. Направи нешто да стане помало по сила, интензитет, степен.
Англиски: belittle Албански: zvogëloj
Примери:
Сакаше да му го смали успехот.
3. За цени - снижи.
Англиски: reduce Албански: zvogëloj
Употреба: Економија
Примери:
Ги смалија цените на месото.
4. (се смали) Стане помал по обем, количество, големина.
Англиски: decrease Албански: zvogëloj
Примери:
Приходите ни се смалија на половина.
5. (се смали) Стане помал по сила, интензитет, степен.
Англиски: diminish Албански: zvogëloj
Примери:
Се смали неговата вредност.
6. (се смали) За цени - се снижи.
Англиски: reduce Албански: zvogëloj
Примери:
Се смалија цените на текстилот.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК