а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

смириса

смирисаат; смирисал
Вид збор: Глагол, свршен
1. Почне наеднаш да пушта мирис.
Англиски: smell Албански: erë
Примери:
Смириса на темјан.
(нар. поез.) Дојде време, дојде коа, / да расцути трендафилот, / да смириса сета земја.
2. Почне да мириса, да вдишува мирис.
Англиски: smell Албански: erë
Употреба: Преносно значење
Примери:
Едно го смирисала влакното.
3. засмрди
Англиски: stink Албански: qelb
Примери:
Смирисало месово.
4. (се смириса) се засмрди
Англиски: stink Албански: qelb
Примери:
Вчерашно ќе е, дури се смирисало.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК