а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

смртен

смртниот
Вид збор: Придавка
Ранг: 4545
1. Што се однесува на смрт.
Англиски: death Албански: vdekje
Употреба: Медицина
Примери:
смртен случај
2. Подложен на смрт.
Англиски: mortal
Примери:
Сите луѓе се смртни.
3. Што причинува смрт, што застрашува со смрт.
Англиски: deadly Албански: vdekjeprurës
Примери:
смртен удар
смртна рана
смртна опасност
4. Многу силен, краен во своето пројавување.
Англиски: deadly Албански: vdkjeprurës
Употреба: Преносно значење
Примери:
смртна досада
смртна омраза
Изрази
Смртен грев - во христијанската религија најголем грев.
Смртен непријател - најлош непријател.
Смртен час - умирање.
Смртна казна - највисока казна.
Смртна пресуда - највисока пресуда.
Изведенки
смртен м.
мн. смртни
обичен човек
Пример: Живееше како секој смртен.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК