а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

смрт

(едн.) смртта
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 206
1. Во биологијата - прекратување на животот, на размената на материите во организмот.
Англиски: death Албански: fund
Употреба: Биологија
Примери:
физиолошка смрт
смрт на клетките
2. Прекратување на суштествувањето на човек, животно.
Англиски: death Албански: vdekje
Употреба: Биологија , Медицина
Примери:
предвремена смрт
ненадејна смрт
3. смртна казна
Англиски: death penalty Албански: dënim me vdekje
Употреба: Правда , Разговорно
Примери:
Го осудија на смрт (со бесење, стрелање).
4. Пропаст, уништување нешто.
Англиски: death Албански: dështim
Употреба: Преносно значење
Примери:
смрт на надежите
смрт на фашизмот
5. По народното верување - призрак што ги убива луѓето и им ја зема душата.
Англиски: death Албански: vdekja
Употреба: Митологија
Примери:
Кога ја пратил Господ смртта да ги умира луѓето.
Изрази
Бела смрт.
Блед како смртта.
Борба на живот и смрт.
Граѓанска смрт.
Ѝ гледа на смртта в очи.
Казни со смрт.
Меѓу животот и смртта.
Најде смрт.
На смрт е.
По смрт - болест.
Прашање на животот и смртта.
Разболи се на смрт.
(разг.) Смрт ми е тоа.
(посл.) Смртта не прашува стар и млад.
Умре со јуначка, природна, своја смрт.
Црна смрт.
Смрт или слобода.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК