а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

собере

соберат; собра, собрал, собрале
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 491
1. За предмети - стави заедно, на едно место, во определен ред.
Англиски: gather Албански: mbledh, grumbulloj
Примери:
Собери ги шајките во кутијана.
Ги собра книгите и излезе.
2. За плодови, цвеќиња - набере во некое количество.
Англиски: gather Албански: mbledh
Примери:
Собрале лековити билки.
Да собере трева детелина.
Пчелите собрале мед.
3. За парични средства - добие од различни места.
Англиски: collect Албански: mbledh
Примери:
Да собере некоја сума пари.
Ги собра потребните пари.
Ја собра киријата.
(разг.) Го собрале целиот - го искрале.
4. Повика, свика на едно место луѓе, животни.
Англиски: rally Албански: tuboj
Примери:
Ги собрал сите свои пријатели.
Ги собра младинците.
Кој ќе го собере народот?
Собрал верна дружина.
Да го собере стадото.
5. Привлече на своја страна, придобие.
Англиски: attract Албански: tërheq
Примери:
Ги собрал околу себе сите повторувачи.
6. Сосредоточи на едно место.
Англиски: concentrate Албански: koncentroj
Примери:
Беше собрана целата интелигенција.
Собере во една книга.
Собере во целост.
7. Стане причина да дојдат мнозина, некои да се сретнат.
Англиски: assemble Албански: mbledh, grumbulloj
Примери:
Требаше умирачкава да нè собере.
Случајот ги собра.
8. Прибави еден број кон друг.
Англиски: add Албански: mbledh
Употреба: Математика
Примери:
Собери ги овие броеви.
Не можеше да ги собере десетиците.
9. Состави постепено збирка, колекција од нешто; запише народно творештво.
Англиски: collect Албански: mbledh, koleksionoj
Примери:
Успеал да собере голема колекција марки.
Така собрал многу значки.
Собрал и песни и поговорки.
10. Соедини, состави, расположи близу еден до друг; свие, прибере.
Англиски: pull Албански: grumbulloj
Примери:
Собере веѓи.
Собери ги малку нозете.
(разг.) Собере (собира) раменици.
11. Добие во некое количество од разни лица, извори; узнае со распрашување.
Англиски: enquire Албански: kërkoj, mbledh
Примери:
Ќе собере податоци. Собере материјал за некое дело.
Собере членски внос.
Собере новости.
12. Напрегне и доведе до дејство сите резерви од нешто.
Англиски: collect Албански: mbledh
Употреба: Преносно значење
Примери:
Ги собра последните сили.
Да си ги собере мислите.
13. (само во 3 л.) земе, прими, помести
Англиски: contain Албански: nxë, pranon
Примери:
Собава ќе собере десет души.
14. (се собра) Се сосредоточи на едно место.
Англиски: assemble Албански: tuboj
Примери:
Се собрале околу автобусот.
Се собраа сите браќа.
(нар. поез.) Се собраа, се набраа / сите аги и бегови.
15. (се собере) Се сретне, се здружи со некого; заживее заедно со некого.
Албански: bashkoj, mbledh
Употреба: Разговорно
Примери:
Не се собираат веќе децата.
Боже, кога ќе се собереме пак сите?
16. (се собере) Се набере постепено во некое количество.
Англиски: accumulate Албански: akumuloj
Примери:
Се собра сета вода од планината.
17. (се собере) Се соедини постепено на едно место.
Албански: mbledh
Примери:
Се собра добар материјал.
18. (се собере) се збрчка, се згрчи
Англиски: cramp Албански: shtangoj
Примери:
Ми се собра устата.
Се собрал од студ.
19. (се собере) Се намали по размер, обем.
Англиски: shrink Албански: mbledh, zvogëloj
Примери:
Се собра при перењето.
Се собра платното.
20. (се собере) (само во 3 л.) се помести
Англиски: fit Албански: mbledh
Примери:
Се собраа сите книги.
Изрази
(ирон.) Тури соберинаесет - потврда.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК