а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

совет

мн. совети
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 1045
1. Укажување, поука, предлог како да се постапи.
Англиски: advise Албански: këshill
Примери:
По советот на лекарот.
Даде совет.
Не слуша совети.
Не бара совет.
2. Заедничко разгледување на некои прашања, советување.
Англиски: council Албански: këshill
Употреба: Административен термин
Примери:
семеен совет
Совет за успехот на учениците.
3. Учесниците на советување.
Англиски: council Албански: këshill
Употреба: Административен термин
Примери:
родителски совет
4. Орган при некоја организација, установа и сл.
Англиски: council Албански: këshill
Употреба: Административен термин
Примери:
Советот за безбедност
научен совет
5. Назив на некои органи на државната управа.
Англиски: council Албански: këshill
Употреба: Административен термин
Примери:
совет за просвета
министерски совет
6. Орган на власта во бившиот СССР.
Англиски: Soviet
Употреба: Историја
FlexiMac
 менување на македонски глаголи