а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

согласи

согласат; согласил
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 1359
1. Доведе во согласност.
Англиски: harmonize Албански: pajtoj, dakordoj
Употреба: Ретко
Примери:
Успеа да ги согласи.
2. (се согласи) Даде согласност за нешто.
Англиски: agree Албански: pajtoj
Примери:
Се согласи да одржи неколку предавања.
Поканете го, ќе се согласи.
3. (се согласи) Изрази своја согласност со некого, со нешто, изрази едномисленост.
Англиски: concur Албански: pajtoj
Примери:
Се согласија сите со неговиот предлог.
Не се согласи со неговите наводи.
4. (се согласи) Дојде во согласност, договори се за некои услови.
Англиски: agree Албански: pajtoj, dakordoj
Примери:
Се согласија да работат заедно.
5. (се согласи) признае, потврди
Англиски: admit Албански: pranoj
Употреба: Разговорно
Примери:
Ќе се согласите сите дека тоа не е убаво.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК