а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

содржина

мн. содржини
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 1083
1. Она што се наоѓа, што се содржи некаде; она од што се состои нешто.
Англиски: content Албански: përmbajtje
Примери:
Ја разгледа содржината на раницата.
содржината на шишето
Тоа е содржината на неговиот работен ден.
внатрешна содржина
2. Тоа што се излага некаде, тема, основа; список на наслови во книга, списание и сл.
Англиски: table of content Албански: përmajtja
Примери:
содржината на пиесата
содржината на разговорот
Содржината е дадена на крајот од книгата.
3. Смисла, суштина на нешто; во филозофијата - основа на појава или процес што ја определува нивната суштина.
Англиски: meaning Албански: kuptim, domethënie
Употреба: Филозофија
Примери:
Не можеше да најде содржина на животот.
Национална по форма, социјалистичка по содржина.
4. Постоење на некоја супстанца во нешто.
Англиски: content Албански: përmbajtje
Примери:
Содржината на злато во рудата.
Содржина на радиоактивни елементи во воздухот.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК