а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

сосредоточи

сосредоточат
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 13024
1. Собере, концентрира на едно место, во едни раце и сл.
Англиски: concentrate Албански: përqendrohem
Примери:
Сета власт беше сосредоточена во негови раце.
2. За мисли, внимание - напрегне.
Англиски: focus Албански: përqendrohem
Примери:
Не можеше да ги сосредоточи своите мисли.
Го сосредоточи нивното внимание.
3. Насочи исклучиво во некого, на нешто.
Англиски: direct Албански: drejtpërdrejt
Примери:
Огнот беше сосредоточен на нивната позиција.
4. (се сосредоточи) Се собере, се концентрира на едно место, во едни раце.
Англиски: concentrate Албански: përqendrohet
Примери:
На тој начин сета власт се сосредоточи во една личност.
5. (се сосредоточи) Сосредоточи свои мисли, внимание и сл.
Англиски: focus Албански: përqendrohem
Примери:
Најпосле успеа да се сосредоточи.
6. (се сосредоточи) Се насочи исклучиво на некого, на нешто.
Англиски: concentrate Албански: përqendrohem
Примери:
По тој настан сета љубов се сосредоточи на него.