а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

сотре

сотрат; сотри; сотрете; сотрев, сотреа; сотрел; сотрен
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 4810
1. истреби, уништи
Англиски: annihilate Албански: shkatërroj, asgjësoj
Примери:
Успеаја да го сотрат непријателот.
Ги сотре мувите.
2. Запусти од често вршење на некое дејство, измачи, отепа, скапе.
Англиски: destroy Албански: shkatërroj
Употреба: Преносно значење
Примери:
Ги сотре од работа.
Го сотре болеста.
3. (се сотре) се запусти, се измачи, се отепа, се скапе
Англиски: exhaust Албански: rraskapit
Примери:
Се сотре копајќи.
Се сотре пишувајќи.
Се сотреа од работа.
Изрази
(клетва) Коренот / семето да им се сотре!
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК