а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

сошие

сошијат; сошиј, сошијте; сошив, сошија; сошил; сошиен; (ќе) сошиев, (ќе) сошиеја; (ќе) сошиел
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 6530
1. Сврзе, соедини со шиење.
Англиски: sew Албански: qep
Примери:
Ги сошил краиштата на платното.
Го сошил костумот.
2. Изготви со шиење.
Англиски: sew Албански: qep
Примери:
Соши фустан.
Му сошија нови панталони.
3. Затвори рез, рана со шиење.
Англиски: sew Албански: qep
Употреба: Медицина
Примери:
Mу ја сошиле раната.
4. Закрпи, зашие нешто.
Англиски: mend Албански: qep
Примери:
Му го соши џебот на кошулата.
Изведенки
1. сошива несв.
сошиваат
2. сошивање ср.
глаг. им.