а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

со

Вид збор: Предлог
1. За означување на предметот, орудието со кое се извршува дејството.
Англиски: with
Примери:
Се мие со сапун.
Сече со нож.
Свири со уста.
Пишува со молив.
2. За означување на граница, близост во пространството.
Англиски: with
Примери:
На границата со Албанија.
Куќите беа разделени со висок ѕид.
3. За означување на кој начин се извршува нешто; при укажување на основата за свршување на нешто.
Англиски: with
Примери:
со радост
со полно право
Со согласност на авторот.
4. При укажување на предмет, својство што карактеризира друг предмет, својство.
Англиски: with
Примери:
Равенка со две непознати.
зграда со мезанин
5. За означување на дејство, состојба што придружува друго дејство.
Англиски: with
Примери:
Се разбуди со плачење.
Одат со песни.
6. При укажување на содржината на нешто.
Англиски: with
Примери:
сандак со книги
бурек со месо
7. За означување на имање, снабденост; при укажување на признак, особеност, својство.
Англиски: with
Примери:
Капут со крзно.
Лопата со рачка.
Со болно срце.
Родено со две глави.
Со една нога.
8. За означување со што е некој или нешто облечен, покриен.
Англиски: with
Примери:
Со куси панталони.
Поле со снег покриено.
9. За означување на сврзување, соединување.
Англиски: with
Примери:
Градовите се сврзани со добри патишта.
Ме сврза со стадионот.
Одвај се поврза со другарите.
10. За означување на целта на дејството.
Англиски: with
Примери:
Дојде со намера да остане.
Се јави со молба.
Со желба да помогне.
11. За означување заедница, за укажување предмет или лице што учествува во заедничкото дејство.
Англиски: with
Примери:
Со него бевме на годишен одмор.
Шета со брата си.
Кокошка со пилиња.
Дожд со снег.
12. При укажување споредба; за означување на она што заменува друго.
Англиски: with
Примери:
Во споредба со нашата фабрика.
Не можат да се споредат твоите тешкотии со неговите.
Го исклучија, а потоа му ја заменија казната со укор.
13. За означување однос кон објектот, при означување лице или предмет кон кој се установува некој однос на друго лице или предмет.
Англиски: with
Примери:
Така е тоа со млади луѓе.
Се гордее со синот.
Се бори со него.
Војува со Авганистанците.
Побрзајте со писмото.
Го спореди со оригиналот.
Се согласи со неговите наводи.
14. При укажување на лице што испитува некоја состојба или на предмет што се наоѓа во некоја состојба.
Англиски: with
Примери:
Не е добра со здравјето.
Попуштивте со дисциплината.
Со пари не сум најдобро.
15. За доуточнување на карактерот, состојбата на некого или нешто.
Англиски: with
Примери:
со сомнително минато
со застарени сфаќања
16. За означување неопределен временски период, за укажување временски интервали што стануваат едноподруго; со именката време - без задоцнување, навреме.
Англиски: with
Примери:
Со години стоеше во дворот на старата куќа.
Со месеци не иде.
Со секој час, ден.
Со време да се подготвиш.
Разбравме со време дека ќе дојде.
17. При означување лица, предмети што се јавуваат како почеток.
Англиски: with
Примери:
Со Миладиновци почнува нашата вистинска литература.
18. За означување големо количество, многу.
Англиски: with
Примери:
Со илјадници луѓе одеа накај стадионот.
Со коли лубеници купуваше.
(разг.) Ги има - со лопата да ги ринеш.
19. За означување предмет, дејство неопходно или доволно за постигање на нешто.
Англиски: with
Примери:
Го уби уште со првиот куршум.
20. За укажување разлика во количеството, во бројот.
Примери:
Нема работник со помала плата од дваесет илјади.
21. При поздравување, пожелување и сл.
Англиски: with
Примери:
со поздрав
со убави желби
со здравје
22. За изразување однос кон нешто што обично се повторува.
Англиски: with
Употреба: Разговорно
Примери:
Доста со тие разговори!
Ме изнервира со тоа молчење.
23. При повторување на некои именки - многу одблизу, еден спроти друг.
Англиски: with
Примери:
Се удрија глава со глава.
Борба гради со гради.
Се сретнаа лице со лице.
24. Во предлошки изрази.
Англиски: with
Примери:
во врска со
во согласност со
согласно со
со исклучок на
сообразно со
со оглед на
со помошта
сходно со
25. Во вакви конструкции, место сврзникот и.
Англиски: and
Примери:
Ние со тебе (јас и ти).
Вие со Марко (ти и Марко).
Изрази
(посл.) Мажот со коли да внесува, жената со игла да изнесува, пак куќата ќе е празна.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи