а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

сплете

сплетат; сплети, сплетете; сплетов, сплетоа; сплел; сплетев, сплетеа; сплетел; сплетен
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 9056
1. Изработи со плетење.
Англиски: knit Албански: thurje
Примери:
Му сплете волнени чорапи.
Сплете џемпер.
2. сочини, создаде, измисли
Англиски: create Албански: krijoj
Употреба: Преносно значење
Примери:
И песна ќе му сплетат.
3. збрка, збуни
Англиски: confuse Албански: çregulloj
Употреба: Преносно значење
Примери:
Го сплете со прашањата.
4. (се сплете) Уреди косата со плетење.
Англиски: braid Албански: thur
Примери:
Се исчешлав и се сплетов.
5. (се сплете) Преплете се едно во друго.
Англиски: interweave Албански: gërshetoj
Примери:
Се сплеткаа змиите во клопче.
6. (се сплете) се збрка, се збуни
Англиски: confuse Албански: çregulloj
Примери:
Се сплете на испитот.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК