а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

спомене

споменат; спомени, споменам; споменете; споменав, споменавме, споменавте, споменаа; споменал; (ќе) споменев, (ќе) споменеа; (ќе) споменел
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 3197
1. Изговори, изнесе името на некого или нешто.
Англиски: name Албански: përmend
Примери:
Те споменаа и тебе на состанокот.
2. Наведе на мисла, напомене.
Англиски: remind Албански: përmend, kujtoj
Примери:
Спомени му за обврската.
3. Засегне бегло некое прашање, загатне.
Англиски: mention Албански: kujtoj, përmend
Примери:
Ми спомена нешто, но не се сеќавам добро.
4. Моли се за здравјето на жив или за проштевање на гревовите на умрен.
Англиски: pray Албански: përmend
Употреба: Преносно значење , Црковен термин
Примери:
Сè попот ќе го споменеше за време на службата.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК