а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

спомен

мн. спомени
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 1820
1. Впечатоци што се држат во сеќавањето.
Англиски: memory Албански: kujtim,
Примери:
спомени од детството
незаборавни спомени
2. Предмет, обично подарен, кој служи за сеќавање на некого или нешто.
Англиски: souvenir Албански: kujtim, suvenir
Примери:
Му подари слика за спомен.
скап спомен
свет спомен
3. Сеќавање за умрен.
Англиски: remembrance Албански: përkujtim
Примери:
Му останаа верни на неговиот спомен.
Споменот за него нема да избледи.
4. (обично мн.) мемоари
Англиски: memoirs Албански: memoare
Употреба: Литература
Примери:
Пишуваше спомени од војната.
Изрази
Спомен-книга - книга во некоја установа во која посетителите ги запишуваат своите впечатоци од установата, од некаков настан, личност и сл.
Спомен-обележје - споменик.
Спомен-парк - парк во кој се засадени дрвја од државници и други видни посетители на градот или земјата.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК