а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

спроведе

спроведат; спроведи, спроведете; спроведов, спроведоа; спровел; (ќе) спроведев, (ќе) спроведеа; (ќе) спроведел; спроведен
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 4562
1. Изведе низ определено место, преведе.
Англиски: lead Албански: shpie
Употреба: Разговорно
Примери:
Го спроведоа низ селото.
2. Направи нешто, направи нешто да оди по определен пат.
Англиски: lead through Албански: ndërtoj, instaloj
Примери:
Уште не спроведоа вода.
Спроведоа електрична енергија.
Спроведоа железничка пруга.
3. Пропушти низ себе (електрицитет, топлина).
Англиски: conduct
Употреба: Преносно значење
4. Оствари, произведе нешто.
Англиски: carry out Албански: zbatoj
Примери:
Го спроведе својот план.
Кој можеше да ги спроведе неговите замисли.
Изрази
(разг.) Спроведе во живот - оствари.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК