а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

сретне

сретнат; сретнав; сретнал; сретнаа
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 677
1. Види некого кој обично се движи во спротивен правец; види некого на некое место.
Англиски: meet Албански: takoj
Примери:
Го сретнав на улица.
Го сретна на факултет.
Сретна една баба.
2. Најде нешто, открие; види, узнае нешто при читање, испитување; испита дејство на нешто.
Англиски: discover Албански: has, zbuloj
Примери:
Ги сретна нејзините очи.
Не го сретна неговото име во весникот.
Ќе сретнеш и такви материјали.
Сретне отпор.
Сретна полно разбирање.
Сретне тешкотии.
3. (се сретна) Се види со некого при движење од разни страни; види се со некого на некое место.
Англиски: encounter Албански: takoj
Примери:
Се сретнаа во стоковната куќа.
Се сретнавме со татко му на Милана.
Се сретнаа тогаш првпат.
4. (се сретна) се судри
Англиски: meet Албански: takoj
Примери:
Погледите им се сретнаа.
Се сретнаа очи со очи.
5. (се сретна) Се најде со некого заради заедничко поминување на времето, разговор, работа и сл.
Англиски: meet Албански: takoj, bashkoj
Примери:
Каде ќе се сретнеме?
Ќе се сретнеме попладне пак.
6. (се сретна) Настапи на натпревар.
Англиски: meet Албански: takoj, ndesh
Употреба: Спорт
Примери:
Се сретнаа градските репрезентации во гимнастика.
7. (само во 3. л.) се најде, се случи, суштествува
Англиски: find Албански: has, gjej
Примери:
Таков човек ретко може да се сретне.
Ќе се сретнат тешкотии.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК