а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

сруши

срушат; срушил; срушен
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 5598
1. Со удар направи да падне.
Англиски: demolish Албански: shemb
Примери:
Ја срушија и последната куќа.
2. Со удар лиши од живот.
Англиски: kill Албански: mbyt
Употреба: Преносно значење
Примери:
Го сруши со еден куршум.
3. Урне, лиши од власт.
Англиски: down Албански: rrëzon
Употреба: Преносно значење
Примери:
Го срушија деспотизмот на царот.
4. За здравје - сосипе, уништи.
Англиски: ruin Албански: shkatërron
Употреба: Преносно значење
Примери:
Алкохолот ќе му го сруши здравјето.
5. растрои, уништи
Англиски: destroy Албански: rrënoj
Употреба: Преносно значење
Примери:
Ни ги сруши сите планови.
Му ја сруши надежта.
6. (се сруши) Се урне, падне од удар; се претвори во урнатини.
Англиски: collapse Албански: shemb
Примери:
Се сруши ѕидот.
Се сруши целата населба.
7. (се сруши) Се урне, се уништи, се сосипе, се растрои.
Англиски: collapse Албански: shemb
Употреба: Преносно значење
Примери:
Им се срушија соништата.