а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

стресе

стресат; стреси, стресете; стресов, стресоа; стресол, стресле; стресев, стресеа; стресел; стресен
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 2768
1. затресе, раздрма
Англиски: shake Албански: dridhë, tund
Примери:
Ја стресе крушата.
Му ја стресе раката.
Го стресе за раменици.
2. Почувствува треска.
Англиски: shake Албански: trondit
Употреба: Безлично
Примери:
Ме стресе од студот.
3. вознемири, потресе
Англиски: move Албански: trondit
Употреба: Преносно значење
Примери:
Таа вест го стресе.
4. Направи да се тресе.
Англиски: shake Албански: trondit
Примери:
Експлозијата ги стресе околните куќи.
5. (се стресе) Затрепери од студ, болест, страв итн.
Латински: dridhë Англиски: shake
Примери:
Се стресе од страв.
Џипот наеднаш се стресе и тргна фрлајќи прашина.
Нозете ми се стресоа.
Целата се стресе.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК