а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

субјект

мн. субјекти
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 2562
1. Во филозофијата суштество што има свест, волја и способност за целесообразна дејност.
Англиски: subject Албански: subjekt
Употреба: Филозофија
2. Лице или група лица што се јавуваат како активен фактор во некој процес.
Англиски: subject Албански: subjekt
3. човек, лице, личност
Англиски: subject Албански: subjekt
4. Во правото - лице или организација што има определени права и должности.
Англиски: subject Албански: subjekt
Употреба: Правда
Примери:
правен субјект
5. Во логиката - предмет на расудувањето.
Англиски: subject Албански: subjekt
Употреба: Математика
6. подмет
Англиски: subject Албански: kryefjalë, subjekt
Употреба: Граматика
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК