а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

суди

судат; судете; судев, судеа; судел; суден; судејќи; судење; судив, судија; судил
Вид збор: Глагол, несвршен
Ранг: 2115
1. За судија - решава судски процес.
Англиски: judge Албански: gjykoj
Употреба: Правда
Примери:
Ќе го судат за убиство.
2. Води судски процес против некого.
Англиски: sue Албански: padit
Употреба: Правда
Примери:
Ќе го судам за таа навреда.
3. Води натпревар.
Англиски: referee Албански: arbitër
Употреба: Спорт
Примери:
Кој ќе го суди натпреварот денеска?
4. Кори, кара некого за нешто.
Англиски: reproach Албански: qortoj
Употреба: Разговорно
Примери:
Брзам да стигнам побрзо, зашто татко ми ќе ме суди.
5. Вади заклучок, создава мислење, преценува.
Англиски: judge Албански: mendoj
Употреба: Преносно значење
Примери:
Јас реков што имав, па вие судете.
6. (се суди) Води судски процес.
Англиски: litigate Албански: gjykon
Употреба: Правда
Примери:
Јас ќе се судам, мајко, со него.
Изрази
(разг.) Криво седи (збори), право суди.
(посл.) Кој брзо суди, брзо и се кае.
(посл.) Со богат не суди се, со рогат не боди се.