а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

суд

мн. судови
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 421
1. Државен орган што разгледува граѓански и кривични спорови.
Англиски: court Албански: gjykatë
Употреба: Правда
Примери:
на заседанието на врховниот суд
народен суд
стопански суд
(црковно) Страшниот суд
2. Разгледување дела од оваа институција.
Англиски: legal proceeding Албански: procedurë ligjore
Употреба: Правда
Примери:
За таа работа ќе оди на суд.
Судот од бога е оставен (посл.).
3. Општествен орган избран од членови на некој колектив, организација и сл.
Англиски: mediation, arbitration Албански: ndërhyrje
Примери:
дисциплински суд
другарски суд
суд на честа
4. Целиот состав што разгледува едно дело, судиите.
Англиски: court Албански: gjykatë
Употреба: Правда
Примери:
Судот се повлече на советување.
5. Зградата во која се суди, судилиште.
Англиски: court room Албански: gjykat
Употреба: Архитектура и градба , Разговорно
Примери:
Точно во десет часот беа во судот.
6. мислење, заклучок, оценка
Англиски: judgement Албански: gjykim
Примери:
Судот на критиката.
Судот на јавноста.
Судот на публиката.
Изрази
Соломонски суд - мудар, праведен суд.
Божји суд - според религиозното верување, казна што ја одредува Господ за сторените гревови.
Страшниот суд (црков.) - последен суд, по второто пришествие, на крајот на светот кога ќе им се суди на живите и на мртвите.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК