а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

суров

сурови
Вид збор: Придавка
Ранг: 2076
1. Жив, кој не е доволно варен, печен или пржен.
Англиски: raw Албански: i pazier, i pagatuar, i gjallë
Примери:
Месово е уште сурово.
2. Кој не е исушен.
Англиски: raw Албански: i freskët
Примери:
сурови дрва
3. Кој не е обработен, не е преработен.
Англиски: crude Албански: i papunuar
Примери:
сурова кожа
суров метал
сурова нафта
4. Кој пројавува или изразува безмилосност, кој е крајно строг.
Англиски: brutal, cruel Албански: i vrazhdë
Употреба: Преносно значење
Примери:
суров човек
сурово лице
со суров тон
сурово воспитание
5. Тежок, мачен, полн со искушенија.
Англиски: troublesome Албански: i ashpër
Употреба: Преносно значење
Примери:
Борба сурова водевме.
суровиот живот
6. Тежок за живот, студен, неподнослив.
Англиски: unbearable Албански: i vrazhdë, i ashpër
Употреба: Преносно значење
Примери:
сурова зима
сурова клима
7. болен
Англиски: ill Албански: i sëmurë
Употреба: Дијалектен збор
Изрази
(разг.) Писнало и суво и сурово од него.
(посл.) Покрај сувото и суровото гори - покрај виновниот страда и невиниот.
Сурова суровица, весела годиница! - сурова година!
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК