а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

суче

сучат; сучи, сучете; сучев, сучеа; сучел; сучен; сучејќи
Вид збор: Глагол, несвршен
Ранг: 9367
1. За преѓа, конец, жица - спојува две или повеќе нишки, со виткање прави една.
Англиски: twist Албански: dredh
Примери:
Фати конци да суче.
Старицата го сучеше преденото за плетење дебели зимски чорапи.
Работниците сучеа конец за свеќи.
Жената со мака ја сучеше козината.
2. се двомисли
Англиски: waver Албански: hezitoj
Употреба: Преносно значење
Примери:
(разг.) врти-сучи
Се вртело, се сучело момчето, најпосле влегло дома.
3. За ракави, унечка - засука.
Англиски: willow Албански: shelg
Примери:
Ги суче ракавите.
4. За мустаци - усукува, вие, витка.
Англиски: twiddle Албански: vërtirje
Примери:
Старецот седеше на столчето и си ги сучеше мустаците.
(разг.) Пред него не сукам мустаќ.
5. мота
Англиски: wind Албански: mbështjell
Примери:
Жената сучеше цевки.
6. Танчи, развива, развлекува тесто со сукало, прави кора; за тесто - развива.
Англиски: knead Албански: gatuaj
Употреба: Гастрономија
Примери:
Суче кори.
Жените се собираа и сукаа јуфки.
Мајка ми сучеше многу танки кори за баклава.
Изрази
Суче мустаќи - се перчи.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК