а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

таложи

таложат; таложете; таложев, таложеа; таложел; таложен; таложејќи; таложив; таложија; таложил
Вид збор: Глагол, несвршен
Ранг: 9442
1. Слегнува надолу и ствара талог.
Англиски: deposit
Примери:
Со години се таложел песокот.
2. Постепено собира, натрупува.
Англиски: deposit
Употреба: Преносно значење
Примери:
Во главата му се таложат болни мисли.
3. (се таложи) Се одвојува од течноста и паѓа на дното во вид на талог, образува талог.
Англиски: deposit
Примери:
Нечистотиите се таложат на дното од садот.
4. (се таложи) Постепено се насобере, се натрупа нешто.
Англиски: accumulate, pile up
Употреба: Преносно значење
Примери:
Во срцата им се таложеше омраза.
Изведенки
таложење ср.
глаг. им.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК