а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

та

Вид збор: Сврзник
1. При сврзување глаголи со последователност на дејствата.
Англиски: and
Примери:
Едно пиле идеше, та му велеше.
Седнала, та непрестајно плакала.
И направиле три крстови, та го распнале.
2. Со последично значење.
Англиски: so
Примери:
Ѓаволот влезе во неа, та се свампири.
Беше болен некое време, та му остана работата недовршена.
3. За спротивставување и сопоставување.
Примери:
Додека бев млад тоа не го сторив, та сега ли ќе го сторам.
Виде, не виде, Јанкула, та ѝ кажа на жена си.
4. При засилување со сродно дејство, плеонастично со „дури“.
Примери:
та дури
Ќе ми плати, та дури ќе ми преплати.
5. Со „да“ - за цел.
Англиски: to
Примери:
та да
Дојди ти кај нас, та да видиш што е тоа убавина.
6. та... та...
Англиски: and
Примери:
Та ова, та она.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи