а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

тежок

тешки
Вид збор: Придавка
Ранг: 431
1. Што има релативно голема тежина.
Англиски: heavy Српски: тежак Албански: rëndë Бугарски: тежьк Грчки: βαρύς
Примери:
Тешки пранги на нозете.
тежок пакет
2. Што има определена тежина; колку тежи.
Англиски: weighty Албански: i rëndë
Примери:
Тој е тежок 60 кг.
3. масивен
Англиски: massive Албански: masiv
Примери:
Тешка врата, тешки порти.
Таа ги продаде тешките и старомодни столови и купи нови.
Тешка свила (коприна).
4. Што има релативно голема сила.
Англиски: strong Албански: i fortë
Примери:
Има тешка рака (за мавање).
Веднаш го познаа по неговиот машки, тежок чекор.
Ти имаш потежок удар од мене.
5. Со кој не се излегува лесно на крај.
Англиски: difficult Албански: i vështirë
Примери:
Има тежок од.
Стојан е многу тежок човек, со него не можеш лесно да ја свршиш работата.
Ти си тежок и во разговорот и во работата.
Има тешка рака за нешто, за некаква работа.
Многу тешка рака има за колење кокошки.
6. Многу голем, сериозен, значителен.
Англиски: serious Албански: serioz
Употреба: Преносно значење
Примери:
Тешка навреда. Тежок збор.
Тешки последици.
Тешка загуба.
Тешка грешка. Тежок грев.
Тежок злочин, престап.
7. Мачен, тешко поднослив.
Англиски: unbearable Албански: i padurueshëm
Употреба: Преносно значење
Примери:
Тежок јарем. Тешки даноци.
Тешка скапија.
Тешки времиња.
8. За болест, рана и сл.
Англиски: bad Албански: i sëmurë
Употреба: Преносно значење
Примери:
Тешка болест, рана, болка и сл.
9. За миризба - силен, тешко поднослив.
Англиски: bad Албански: i lig
Употреба: Преносно значење
Примери:
Тешка миризба.
10. Што се врши со напор, со мака; што изискува напор.
Англиски: difficult Албански: këmbëngulës
Примери:
Тешка работа. Тешка задача.
Тешка должност.
Тешко дишење.
Тешко прашање.
11. За човек - сериозен, авторитетен.
Англиски: serious Албански: i rëndësishëm
Употреба: Преносно значење
Примери:
Сите го почитуваат, зашто е тежок, сериозен човек.
12. Со силно дејство.
Англиски: strong Албански: fort
Употреба: Преносно значење
Примери:
Тешко вино.
13. длабок, мачен
Англиски: deep Албански: i thellë
Примери:
Тежок сон, тешко спиење.
Тешка судбина.
14. За жена или женско животно - трудна, бремена.
Англиски: pregnant Албански: shtatzënë
Употреба: Медицина , Народна поезија , Разговорно
Примери:
Мене ме тешка остави (нар. поез.)
15. За оружје со силно дејство.
Англиски: heavy Албански: fort
Употреба: Воен термин
Примери:
Тешка артилерија.
16. За индустрија со тешки (метални) производи.
Англиски: heavy Албански: i rëndë
Употреба: Економија
Примери:
Тешка индустрија.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК