а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

тековен

тековни
Вид збор: Придавка
Ранг: 6108
1. Што се случува сега, во моментот, во тек.
Англиски: current Албански: aktual, vijues
Примери:
Тековни настани.
На легитимацијата има слика и матичен број на членството - заверена за тековната година.
2. Што се извршува во работниот процес, за време на работата.
Англиски: current Албански: vijues, i tanishëm
Употреба: Економија
Примери:
Тековно одржување на лифтот.
Тековна сметка.