а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

тек

мн. текови
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 437
1. За движењето, течењето на водата.
Англиски: flow Албански: rrjedhë
Примери:
Текот на водата беше многу брз.
2. За патот и правецот на истечната вода, на реката.
Англиски: part Албански: drejtim
Употреба: Географија
Примери:
Горниот, средниот и долниот тек на реката.
3. поминато време
Англиски: duration Албански: koha e kaluar
Примери:
Во текот на оваа година.
Во текот на целиот свој живот.
Со текот на времето.
4. Кога е нешто во процес на извршување, на развој.
Англиски: development Албански: zhvillim
Примери:
Работите се во тек.
5. правец, развој
Англиски: trend Албански: drejtim
Примери:
Работите го изменија својот тек.
Текот на мислите.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК