а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

тело

мн. тела
Вид збор: Именка, среден род
Ранг: 147
1. Во физиката - материја што исполнува определен дел од просторот; секој материјален предмет.
Англиски: body Албански: trup i ngurt
Употреба: Физика
Примери:
цврсто, течно, гасовито тело
Сите тела на топлината се шират.
небески тела
2. Дел од просторот ограничен од сите страни со рамнини.
Англиски: body Албански: trupth
Употреба: Математика
Примери:
геометриски слики и тела
3. Како организам на човек или животно во неговите надворешни форми и пројави.
Англиски: body Албански: trup
Употреба: Анатомија
Примери:
Делови на телото.
Температура на телото.
Здрав дух во здраво тело.
4. снага, труп
Англиски: body Албански: trup
Примери:
Главата ѝ е убава, ама телото не.
5. труп, мртовец
Англиски: corpse Албански: kufomë
Примери:
Коњите газеа по мртвите тела.
6. Оновниот дел на нешто, корпусот на нешто.
Англиски: body Албански: trup
Употреба: Преносно значење
Примери:
тело на машина
7. Орган, состав од луѓе.
Англиски: organ Албански: organ, trup
Употреба: Административен термин , Преносно значење
Примери:
законодавно тело
управно тело
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК