а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

теорија

мн. теории
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 1438
1. Како логичко обопштување на опитот, на практиката, што ги одразува законитостите на природата и општеството.
Англиски: theory Албански: teori
Примери:
научна теорија
2. Како целокупност од правила, основни поставки, научни основни поими на некоја дисциплина.
Англиски: theory Албански: teori
Примери:
Теорија на музиката, на литературата, на шахот итн.
3. Како целокупност од научни поставки што објаснуваат некои факти, појави.
Англиски: theory Албански: teori
Примери:
Дарвиновата теорија
Теорија на релативитетот
4. Обопштен систем на погледи, сфаќања по некакво прашање.
Англиски: opinion Албански: teori, mendim, opinion
Примери:
Тој има свои посебни теории за бракот и брачниот живот.
5. Општи апстрактни расудувања наспроти практичната дејност и реалноста.
Англиски: theory Албански: teori
Употреба: Преносно значење
Примери:
Луѓе, нам сега овде не ни се потребни теории, туку треба да запнеме и да ја свршиме работата.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК