а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

тешко

Вид збор: Прилог
Ранг: 938
1. За товар, тежина - многу.
Англиски: heavily Албански: rëndë
Примери:
Тешко натоварен.
2. со мака, со напор, со болка
Англиски: difficult Албански: vështirë
Примери:
Тешко е да живееш сам.
Тешко спечалено богатство.
Тешко дише.
Многу тешко се искачи на четвртиот кат.
3. Тромаво, бавно, без сила, изморено.
Англиски: tired Албански: i lodhur
Примери:
Тешко оди.
Тешко зборува.
4. Стабилно, здраво; авторитетно, важно, достоинствено.
Англиски: heavy Албански: rëndë
Примери:
Тешко гази.
Држи се тешко и достоинствено.
5. Многу лошо, опасно, погубно.
Англиски: badly Албански: keq
Примери:
Сушата многу тешко го погоди нашиот крај.
Тоа многу тешко ќе се одрази на неговиот развој.
Тешко ранет.
Тешко згреши.
6. одвај ли
Англиски: barely Албански: mezi
Примери:
Тешко може во тоа да се верува.
7. За спиење - длабоко.
Англиски: deeply Албански: thellë
Примери:
Немирно, неспокојно, тешко спие.
8. нездраво, мачно
Англиски: bad Албански: rëndë
Примери:
Тешко ми е.
Лошо ми е, не се чувствувам добро.
9. Ме боли - душевно.
Албански: dhemb
Примери:
Тешко ми е на срцево/душава без неа.
10. За израз на страдање, на сожалување.
Англиски: pity Албански: keqardhje
Примери:
Тешко мене, што ме чека!
Тешко на децата, си останаа без мајка.
11. За израз на застрашување.
Англиски: threat Албански: kërcënim
Примери:
Ако го фатам само, тешко нему.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК