а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

тогаш

Вид збор: Прилог
1. Во она време за кое се говори.
Англиски: then Албански: atëher
Примери:
Тогаш ние имавме големо богатство.
Едниот леб изеди го сега, а другиот тогаш кога ќе стигнеш на пол пат.
Тогаш ние ќе бидеме стари.
2. Истовремено, во тој момент за кој се зборува.
Англиски: then Албански: atëher
Примери:
Тој бурична во џебот и тогаш забележа дека му го нема ќесето.
Ти само појди таму, та дури тогаш ќе видиш дека е така.
3. потоа, после
Англиски: afterwards Албански: pastaj
Примери:
Да ги извадам на пат децана, па тогаш и нека умрам.
4. По исполнување на услов; во тој случај.
Англиски: then Албански: atëher
Примери:
Ако не ти ги врати парите, тогаш ти можеш да го тужиш.
Штом е така, тогаш ти проштевам.
Ако ти бидеш таму, тогаш и јас ќе дојдам.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи