а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

токми

токмат
Вид збор: Глагол, несвршен
Ранг: 9239
1. спрема
Англиски: prepare Албански: përgatit
Примери:
Браќата му го токмеа коњот.
Ние го токмиме синот за вашата ќерка.
2. дотерува
Англиски: decorate Албански: përsos
Примери:
Ја токмат невестата.
3. споредува, изедначува
Англиски: compare Албански: krahasoj
Примери:
Ти ќе ја токмиш ли вашата работа со нашата?
4. (се токми) се спрема
Англиски: prepare Албански: përgatit
Примери:
Се токмеа за на свадба.
Се токми за зет.
Се токмевме да одиме на летување, но болеста не спречи.
5. (се токми) се дотерува
Англиски: adorn Албански: stolis
Примери:
Само се кити, само се токми.
6. (се токми) се споредува, се израмнува
Англиски: compare Албански: krahasoj
Примери:
Ние не можеме со вас да се токмиме.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК