а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

трага

мн. траги
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 1100
1. Отпечаток на стапки или на нешто што поминало врз некаква површина.
Англиски: track Албански: gjurmë
Примери:
Трага од волк, зајак итн.
Трага од колски тркала.
2. Остаток, останки од нешто.
Англиски: trace Албански: gjurmë, tragë
Примери:
Нема ни трага од болеста, од убавината, од добрината и сл.
Траги од војната.
Нема ни трага од селото.
Изрази
(разг.) Му влезе на некого или на нешто во трагата.
(разг.) Тргне по трагата на некого.
(разг.) Изгуби трага.