а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

тргне

тргнат; тргнам, тргни; тргнете; тргнав, тргнаа; тргнал; (ќе) тргнев, (ќе) тргнеа; (ќе) тргнел
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 292
1. Почне да се движи - во определен правец, за некаде, на пат.
Англиски: start Албански: nisem
Примери:
Возот тргна.
Тргна накај мене.
Тргна за Штип.
Тргна по него.
2. Со сврзникот да и друг глагол; започне со намера.
Англиски: intent Албански: nisa të
Примери:
Тргнав да се исперам.
Тргна да налее вода.
Тргнал да оди да ги навади цвеќињата.
3. фати, почне
Англиски: begin Албански: nisem, filloj
Примери:
И кога тргнала да игра оро...
4. Почне да оди од место на место, да обиколува.
Англиски: walk Албански: ecë, shëtis
Примери:
Тргна по села и градови.
Тргна по комшии.
5. Почне да оди постојано со некого, да се дружи со некого.
Англиски: join Албански: shkon, kalon
Примери:
Тргна со лоши другари.
Откако тргна со неа, нас нè заборави.
6. За машина, механизам - почне да работи.
Англиски: work Албански: nisë, punoj
Примери:
Само малку го занишав часовникот и тој тргна.
7. Почне да посетува.
Англиски: attend Албански: shkoj, nisem
Примери:
Тргне на училиште (почне да оди на училиште).
Марко веќе од вчера тргна на училиште.
8. За работа, трговија, занает - почне да оди добро.
Англиски: succeed Албански: ecë
Примери:
Најпосле ми тргна работата.
9. потегне
Англиски: pull Албански: tërheq, shkul
Примери:
Го тргна за уво.
Ако тргнам посилно, ќе се скине јажето.
10. извади, потегна
Англиски: draw Албански: tërheq
Примери:
Тој ми тргнал она остра сабја (нар. поез.)
Тргне меч од ножница.
11. Истави, фати од определено место.
Англиски: move Албански: heq, lëviz
Примери:
Тргни го од масава тенџерево зашто ми пречи.
12. Напие се малку; повлече, вдише.
Англиски: draw in Албански: heq
Примери:
Тргна малку од чашата и ја врати пак во послужавникот.
Тргна два-три пати и ја фрли цигарата.
13. За оро, поведе.
Англиски: lead Албански: nisë
Примери:
Ајде, тргни го орото.
14. обележи, означи
Англиски: draw Албански: tërheq
Примери:
тргне граница
тргне линија, црта, бразда
15. (се тргне) се повлекува
Англиски: pull back Албански: tërhiqem
Примери:
Се тргна настрана.
Тргни се од пред мене за да можам да гледам.
16. (од сон) се разбуди, се освести
Англиски: wake up Албански: zgjohem
Примери:
Тргна се моме, разбуди (нар. поез.)
Изрази
(разг.) Тргне по лош (крив) пат.
Тргне од некоја гледна точка (од некое становиште, гледиште).
Тргне по умот на некого - го следи, го слуша.
(му) Тргне по трагата на некого.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК