а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

трепери

треперат; треперел
Вид збор: Глагол, несвршен
Ранг: 1466
1. За лисје, воздух - игра на ветар, се лелее.
Англиски: tremble Албански: dridhë
Примери:
Воздухот трепери.
Лисјето трепереа.
2. За ѕвезди, светлост воопшто - игра, трепка, мига.
Англиски: blink Албански: xixëllon
Примери:
Ламбичето трепери.
3. За глас, за човек - се тресе.
Англиски: tremble Албански: dridhë
Примери:
Гласот му трепери.
Целиот трепери.
4. се плаши
Англиски: fear Албански: frikë
Употреба: Преносно значење
Примери:
Трепери од мене.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК