а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

тресе

тресат; треси, тресете; тресев, тресеа; тресел; тресен; тресејќи; тресење; тресов, тресоа; тресол, тресле
Вид збор: Глагол, несвршен
Ранг: 1046
1. ниша, дрмоли
Англиски: shake Албански: dridh, shkund
Примери:
Тресе сливи, јаболка и сл.
2. Отстранува прав од нешто.
Англиски: shake Албански: shkund
Примери:
Тресе килим.
Ги тресе постелите.
3. Трепери како резултат од треска.
Англиски: shake Албански: dridh
Употреба: Медицина
Примери:
Треска го тресе.
4. Со кратките форми за директен предмет на личните заменки.
Англиски: shake Албански: më dridh
Употреба: Безлично
Примери:
Ме тресе.
5. (се тресе) Се ниша.
Англиски: shake Албански: dridhet
Примери:
Планината се тресеше.
6. (се тресе) трепери
Англиски: tremble Албански: dridhem
Примери:
Рацете му се тресеа.
Се тресе од страв.
Изрази
(разг.) Тресе глупости.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК