а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

троши

трошат
Вид збор: Глагол, несвршен
1. Прави трошки, дроби на трошки нешто.
Англиски: crumble Албански: harxhoj, shpenzoj
Примери:
Троши леб.
2. Прави издатоци.
Англиски: spend Албански: shpenzoj
Примери:
Троши пари.
Овој човек многу троши.
Троши безмилосно.
3. Употребува нешто потрошно, потрошен материјал.
Англиски: consume Албански: harxhoj, konsumoj
Примери:
Таа кола не троши бензин колку оваа.
Вашата установа троши повеќе дрва отколку јаглен.
4. (се троши) Се прави на трошки.
Англиски: crumble Албански: thërmohet
Примери:
Лебот е бајат, се троши.
5. (се троши) се арчи, се аби
Англиски: wear out Албански: soset, hahet
Примери:
При поголема употреба, машината, природно, побрзо и ќе се троши.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи