а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

трпи

трпат; трпел
Вид збор: Глагол, несвршен
Ранг: 2621
1. издржува
Англиски: sustain Албански: mirëmban
Примери:
Колку и да те боли, мораш да трпиш.
2. Трае, издржува нешто во текот на подолго време.
Англиски: bear Албански: duroj
Примери:
Тој трпи дури трпи, ама кога ќе се налути, страшен е.
3. страда
Англиски: suffer Албански: mallëngjehem
Примери:
Ќе трпиме сите заедно.
4. поднесува
Англиски: bear Албански: jap
Примери:
Не можам него да го трпам.
5. Доживува, поднесува нешто лошо.
Англиски: suffer Албански: përjeton
Примери:
Трпи порази.
6. На штета е.
Англиски: suffer Албански: përjeton
Примери:
Од тоа трпи неговиот углед.
7. Допушта нешто.
Англиски: allow Албански: lejoj
Примери:
Работата не трпи одлагање.
Не трпи критика.
Не трпи промени.
8. (се трпи) Се поднесува меѓусебно.
Англиски: bear Албански: duroj
Примери:
Тие двајца не се трпат.