а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

трупа

трупаат; трупал
Вид збор: Глагол, несвршен
Ранг: 11595
1. Става, поставува безредно на едно место, на куп.
Англиски: pile Албански: grumbullon
Примери:
Сѐ трупаше во собата.
2. Собира на едно место голем број, големо количество од нешто.
Англиски: amass Албански: mbledh
Примери:
Трупа војски на граница.
3. За пари, имот, богатство - собира, печали во поголемо количество.
Англиски: amass Албански: grumbulloj
Употреба: Преносно значење
Примери:
Трупа богатство.
4. (се трупа) Се собира на куп.
Англиски: pile Албански: grumbullohet
5. Чекори шумно, со тропање.
Албански: rrapëllim
6. Рамномерно тропа, чука на нешто обично дрвено - на порта, штица и сл.
Англиски: knock Албански: trokas
FlexiMac
 менување на македонски глаголи