а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

трча

трчаат; трчи; трчал
Вид збор: Глагол, несвршен
Ранг: 762
1. Оди многу брзо со посебен чекор.
Англиски: run Албански: vrapoj, ngaj
Примери:
Трчав цел час.
Трча со сета сила.
Тој трча колку што може и не може.
2. Оди, заминува брзо за некаде по нешто.
Англиски: leave Албански: shkoj, ngaj
Примери:
Трчај купи нешто за јадење.
3. Брза да сврши некаква работа, да направи, да постигне нешто.
Англиски: haste Албански: nxitoj
Употреба: Преносно значење
Примери:
Сакаш да се жениш, знам, но чекај уште малку, не трчај, и тоа ќе биде.
4. Оди, разодува по различни установи, луѓе за да сврши, да среди некоја работа.
Англиски: run Албански: ngaj
Употреба: Преносно значење
Примери:
Цел ден трчам по канцеларии и уште не сум ја свршил работата.
5. Оди по некого, сака некого.
Англиски: follow Албански: ndjek
Употреба: Преносно значење
Примери:
Тој трча по неа, а таа не го сака.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи