а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

уличен

улична
Вид збор: Придавка
Ранг: 5475
1. Што се однесува на улицата.
Англиски: street Албански: rrugor
Употреба: Архитектура и градба
Примери:
улично осветление
2. Што се наоѓа на улицата, што е откај улицата.
Англиски: street Албански: rrugor
Употреба: Архитектура и градба
Примери:
Уличните прозорци на зградата се веќе готови.
улични дуќани
3. Што станува на улицата.
Албански: i rrug;s
Примери:
улични борби
4. Бездомен, што го поминува животот на улица.
Англиски: homeless Албански: rrugaç
Примери:
улична жена
улични деца
улично куче
5. простачки, некултурен, распуштен
Англиски: vulgar Албански: rrugaç
Примери:
улични зборови
улична песна
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК