а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

упати

упатат
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 2439
1. Назначи пат, правец на некого.
Англиски: direct Албански: drejtoj, udhëzoj
Примери:
Еден дел од војската ја упати на југ, кон морето, а друг на исток.
Го упати на погрешен пат.
Го упати на лошо.
2. насочи
Англиски: direct Албански: udhëzoj
Примери:
Ги упати читателите кон новата литература.
Ја упати својата мисла во определен правец.
3. Испрати на или до определено место.
Англиски: send Албански: dërgoj
Примери:
Го упати на специјалист.
Стоката му беше веднаш упатена на вашето претпријатие.
Писмото беше упатено на погрешна адреса.
4. За обрат до некого.
Англиски: address Албански: drejtoj, adresoj
Примери:
Прашањето ти беше упатено тебе.
Упати молба.
5. Покаже како да се работи нешто, даде упатство.
Англиски: advise Албански: udhëzoj, këshilloj
Примери:
Јас постапив онака како што ме упати ти.
6. Посвети во нешто.
Англиски: orientate Албански: orientoj, drejtoj
Примери:
Го упати во сите тајни.
7. (се упати) Се упатија накај мене.
Англиски: direct Албански: drejtoj, nisë
8. (се упати) Се здобие со знаење.
Англиски: orientate Албански: orientoj
Примери:
Се упати во таа работа.