а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

управа

(едн.) управата
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 2647
1. управување
Англиски: management Албански: menaxhim
Примери:
Тешка и одговорна управа.
Во времето на нашата управа.
2. Раководство, власт што раководи и управува.
Англиски: administration Албански: administratë
Употреба: Административен термин
Примери:
Управата на земјата е во нивни раце.
3. Раководен орган на установа, претпријатие.
Англиски: administration Албански: ndërmarrje
Примери:
Управата на училиштето.
4. Самата зграда во која работи тој орган.
Англиски: administration building Албански: administrata
Употреба: Архитектура и градба
Примери:
Денеска бев во градската управа.
5. Ред, закон, систем на владеење.
Англиски: rule Албански: rregull
Примери:
Да се бориме против турската управа.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК