а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

уривање

Вид збор: Именка, среден род
Ранг: 11853
1. рушење, разорување
Англиски: demolition Албански: shembje, rrënim
Примери:
На прабаба ми куќата е веќе за уривање.
2. одронување
Англиски: collapse Албански: shembje
Примери:
(разг.) Нема да биде лошо да направиме едно уривање на малтерот од ѕидов.
3. целосно уништување
Англиски: devastation Албански: shkratërrim
Примери:
Целосното уривање на населбата беше една голема трагедија за сите нас.
4. симнување
Англиски: downfall Албански: rënie
Примери:
уривање книги од полица
5. морално уништување
Англиски: destruction Албански: shkatërrim
Употреба: Преносно значење
Примери:
Решението не е во уривањето човечки морал.
6. (за влада, систем) соборување, срушување
Англиски: overthrow Албански: përmbys
Употреба: Преносно значење
Примери:
уривање царска власт
уривање систем на влада
7. (за аргументи) соборување
Англиски: refutation Албански: mposhtje
Употреба: Преносно значење
Примери:
Дојде време за уривање на тврдењата на историчарите.
8. (за чест, углед) нарушување
Англиски: violation Албански: shkelje
Употреба: Преносно значење
Примери:
Уривање на правилата за работа.
9. (за цена, вредност) соборување, намалување, девалвација
Англиски: devaluation Албански: zhvlerësim
Употреба: Преносно значење
Примери:
Наскоро треба да има уривање на цените на лебот.
10. Нагло симнување, спуштање.
Англиски: reduction Албански: reduktim
Употреба: Дијалектен збор
Примери:
Малото девојче за миг се исплаши од наглото уривање на ластовичките.
11. откорнување, берење
Англиски: tearing Албански: shkulje
Употреба: Дијалектен збор
Примери:
Уривањето круши, цреши и јаболка не е толку лесна работа.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК